Сега знам
февруари 11th, 2012Што е машка алапача!

Отвори ги коментарите,пушти ги луѓето да си го кажат својот збор,одговори како што е ред.Не сум прва кај тебе на ваков начин повредена.Преку полемика може би и ќе се разбереме,ама својствено е за тебе само вреѓање.Ова е меѓу тебе и мене!Стојам зад секој збор што сум ти го кажала,не бегам од одговорноста.И зошто пишуваш за мене како за маж.Па колкава е Македонија?Се знаеме кои сме.Ете толку од мене,не заради мене!

Ова ќе ти биде последо! Тоа што го пишуваш и пакуваш зборува за тебе,не за мене!Спремна!

Либертаријанизмот се залага за тотални слободи на поединецот,што ќе рече,прави што ти е по воља,но не на штета на некого (од прилика така).
Во општестена смисла би значело,владата да води сметка да обезбеди здраво судство,полиција и минимум администрација.Се друго да се приватизира.
Во економска смисла би значело,државата надвор од економијата затоа што,без исклучок,е лош стопанственик.На овај начин,наместо пари у буџет,(минимум мора)парите во најголем процент би останале кај оние што го ствараат доходот,а тие пак знаат,тешко заработените пари како да ги инвестираат,и да им се вратат со поголем профит.
На овај начин би се отвориле нови работни места и би процветала економијата.Има ли уште луѓе што мислат дека политичарите би можеле да им ги решат финансиските проблеми? Не верувам!

Дрвото е чудесен материјал во рацете на скулпторот.Од криви ќе направи чуда и ќе ги дополни со прави.Не сите дрва завршуваат кај скулпторите,цепениците ќе се најдат во некоја шупа,спремни да изгорат.Зима е.Треба да се преживее!

